Ждрепката за четвртфиналето во шпанскиот Копа дел реј во фудбал, донесе две големи дербија.
Паровите се Селта – Реал Сосиедад, Мајорка – Жирона, Атлетик Билбао – Барселона и Атлетико Мадрид – Севилја. Се игра еден меч, нема реванш. Овие средби ќе се играат следната недела, од 23-ти до 25-ти јануари.
Баскиско-каталонската пресметка на Атлетик и Барса е вистинска класика во купот. Барселона ова натпреварување го има освоено 31, а Билбао 23 пати (последен пат пред 40 години), со што се клубови со најмногу трофеи во купот.
Атлетико имаше среќа со тоа што пак ќе игра дома, против незгодната Севилја. Жирона и Реал Сосиедад се фаворити во нивните дуели, но ќе играат на гости, па од вторник до четврток ќе има четири мечеви, сите интересни на свој начин.