После ждрепката за четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони, за очекување беше во понудата на Sport Life да има промени во квотите за освојувач на ова натпреварување.
И според тазе квотите кои ги одредија букмејкерите, Манчестер сити останува прв фаворит за трофејот, иако малку порасна квотата на Граѓаните, а Борусија Дортмунд има најмали шанси.
Најголема промена од тоа што беше пред ждрепката, има кај Атлетико Мадрид, квотата за титула на Јорганџиите падна од 20.0 на 13.0. Паднаа квотите и на ПСЖ и Барселона, додека кај другите клубови се зголемија. Истата квота остана само кај Борусија Дортмунд.