Ждрепката си игра со Вардар и Шкендија

Вардар и Шкендија и по шести пат ја немаа фортуната на својата страна и повторно нема да имаат можност да играат финале во националниот куп на Македонија.

Пак ќе играат во рана фаза меѓу себе, овојпат во осминафиналето, откако на денешната ждрепка беше одлучено да играат двомеч на 25 септември во Скопје и на 30 октомври во Тетово.

Пресметките што популарно се нарекуваат финале пред финалето меѓу Вардар и Шкендија почнаа во сезоната 20012/13, кога во полуфиналето Вардар ја елиминира Шкендија. Потоа се редеа двомечи во осминафиналето во следниот циклус, па четврт-финале во 2014/15 и лани и уште едно полуфинале во сезоната 2016/17 и на сите Шкендија беше поуспешна.

Двојки, осминафинале: Вардар – Шкендија, Пелистер -Работнички, Академија Пандев – Осогово, Шкупи – Силекс, Тиквеш – Ренова, Борец – Струга, Брегалница – Македонија Ѓ.П., Лабуништа – Охрид.

- Оглас -

Најнови вести