Ждрепката за осминафиналето на Лигата на Европа ќе биде невидена досега

Ждрепката за осминафиналето од Лигата на Европа ќе се изврши денеска, во Нион, во 13 часот, иако не се познати сите патници во топ 16 рундата од второто по квалитет натпреварување на Стариот Континент. Затоа при денешното извлекување на паровите, еден тим за противник ќе добие „тим икс“. Тој тим икс е Ајнтрахт или Салцбург, екипи кои денеска од 18 часот ќе го одиграат реванш-дуелот од 16-финалето откако вчерашниот дуел им беше одложен поради многу силен ветер.

Во ЛЕ долг е патот до титулата, се игра едно елиминациско коло повеќе отколку во ЛШ. Осминафиналето е на 12 и 19 март, а на 20 март е ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето. Финалето се игра на 27 мај во Гдањск во Полска.

Инаку, нема да има никакви пречки, ждрепката нема да биде полудиригирана, секој може да се падне со секого. Ова значи дека се можни дербија од типот Интер – Манчестер јунајтед, Рома – Интер или Манчестер јунајтед – Ренџерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести