Ждрепката за Вимблдон е готова, Ѓоковиќ го избегна најлошото сценарио

Новак Ѓоковиќ има прилично отворен пат барем до полуфиналето на гренслем турнирот Вимблдон кој почнува понеделник.

Ѓоковиќ кој е седумкратен победник на лондонскиот гренслем и ќе се обиде да се изедначи со Роџер Федерер кој осум пати триумфираше на Вимблдон, годинава е шести носител, а ако нема изненадувања, во четвртфиналето би играл со домашниот миленик Џек Дрејпер кој е четврти носител.

Е, потоа би следувало она вистинското и најтешкото, полуфинале со Јаник Синер и финале со Карлос Алкараз, секако ако некој од нив не испадне порано. Во првото коло Новак игра со Александер Милер од Франција кој е 40-ти на АТП листата.

Лани Алкараз беше освојувач на Вимблдон. Шпанецот би имал можно четвртфинале со Холгер Руне, а полуфинале со Александер Зверев што е поволна варијанта за него.

- Оглас -

Најнови вести