Антонио Конте при потпишувањето на новиот договор со Наполи, побарал активно да учествува во планирањето на летниот трансфер-пазар. Еден од неговите први услови бил клубот да се откаже од ангажманот на Џонатан Дејвид, играчот на Лил кој бил речиси договорен, и да се фокусира на профил на напаѓач сличен на Ромелу Лукаку.
Конте таков фудбалер пронајде во Серија А, во редовите на Удинезе.
Станува збор за Лоренцо Лука, висок и силен напаѓач, кој е многу блиску до трансфер во Наполи за сума од околу 30 милиони евра.
Во минатата сезона, Лука постигна 14 гола во сите натпреварувања, но формата му падна во завршницата на првенството. Во последните 12 кола постигна само два гола, а еден од тие моменти беше обележан со инцидент. На натпреварот против Лече, Лука инсистираше тој да го изведе пеналот, што доведе до конфликт со соиграчите. По погодокот, никој од играчите не му пријде за да го прослават заедно, а тренерот веднаш го замени уште во 36-тата минута.
И покрај тој инцидент, Конте верува дека Лоренцо Лука е вистинскиот избор за системот што планира да го воспостави во Наполи.