12.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Железничар Панчево за 2,2 милиони евра продаде играч во Малме

Талентираниот српски фудбалер Јован Милосављевиќ е нов член на тимот на Малме од Шведска. Овој трансфер го потврдија од тимот на Железничар Панчево, каде што Милосављевиќ ја започна оваа сезона.

Според договорот, Железничар ќе заработи 2,2 милиони евра од овој трансфер, плус дополнителна сума од следниот трансфер на 18-годишниот фудбалер. За Малме ова е најскапиот трансфер во клупската историја.

Интересно е дека името на Милосављевиќ во ниту еден момент не било во комбинација за трансфер во Црвена ѕвезда или Партизан, но централниот играч за врска сега прави меѓународен трансфер во Шведска.

Тинејџерот сезонава игра одлично за Железничар и во 11 меча има два гола и три асистенции, па Железничар со 16 бода моментално е на шестото место на табелата. Овој српски тим минатата сезона заврши на 10-тото место во Суперлигата, но сега покажа дека знае како да извади таленти од кои може одлично и да заработи.

„Многу сум среќен што ќе бидам дел од тимот на Малме. Сакам да пронаоѓам решенија во офанзивниот дел од играта. Сигурен сум со топката и сакам да создавам добри ситуации за моите соиграчи. Знам дека повеќе познати играчи првите чекори ги имаат направено во Малме и чест ми е што ќе бидам дел од тимот“, рече Милосављевиќ на преставувањето.

Тинејџерот ќе остане во Железничар до крајот на оваа полусезона, а од 1 јануари ќе се пресели во Малме. Тој е дел и од У19 репрезентацијата на Србија, а неодамна постигна погодоци во дуелите против Португалија и против Црна Гора.

- Оглас -

Најнови вести