Жељко за војната во Украина: Во 1999 година ја бомбардираа и Србија, но луѓето тогаш молчеа

Кошаркарите на Партизан загубија на гостувањето во Литванија кај Лиеткабелис со 93:78, а по мечот, најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ беше запрашан што мисли за војната што во моментов е во Украина. Стратегот на Партизан веднаш потсети дека ова што сега се случува во Украина, пред малку повеќе од две децении ѝ се случувало и на Србија.

„Ова не се случува првпат. Имам 62 години и памтам многу работи во мојот живот. Мојата земја беше бомбардирана во 1999 година и тогаш не видов луѓето да зборуваат за тоа. Исто така имаше војни и во Ирак, Сирија, Авганистан… Сега сите зборуваат за војната во Украина. Луѓето имаат право да зборуваат. Секако дека сум против каква било војна затоа што тоа е страшно. Луѓе умираат“, беше коментарот на Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести