Жена ќе го суди во финалeто во Купот

Катерина Монзул е првата дама која ќе биде главен делител на правдата во финалето на Купот на Украина. Никогаш претходно жена немала чест да суди во меч за трофеј во оваа земја.

Монзул е докажана судијка, која за првпат во украинското елитно фудбалско првенство се појави во 2016 година, кога го судеше мечот меѓу Черноморец Одеса и Волин Луцк. Таа има и ФИФА значка, а доказ за нејзиниот квалитет е и довербата да го суди финалето на Светското првенство за жени меѓу САД и Јапонија.

Во финалето на Купот на Украина денеска ќе играат Динамо Киев и Ворскла Полтава.

Освен финалето на Купот во Украина, денеска ќе се игра финале на Купот и во Словачка, каде што ќе играат Слован Братислава против Ружомберок. Куп-дуели, но од полуфиналната фаза, ќе се играат и во Полска и Романија. Сите овие мечеви ги имате на понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести