Жена му покажа среден прст на Надал, Шпанецот реагираше шмекерски (Видео)

Рафаел Надал со 6-1, 6-4, 6-2 го елиминира Мајкл Мо од Отвореното првенство на Австралија, а овој меч од второто коло на првиот тениски гренслем годинава го одбележа и еден момент од вториот сет, кога една жена му покажуваше среден прст на Шпанецот.

Рафа се подготвуваше да сервира и ја забележа жената. Се насмеа и праша дали непристојниот гест е упатен кон него? Таа и му дофрлувала нешто на главниот ривал на Новак Ѓоковиќ за титулата во Мелбурн.

По барање на судијата, жената со обезбедување беше исфрлена од трибините на „Род Лејвер арената“.

https://twitter.com/i/status/1359833872159150082

- Оглас -

Најнови вести