Жена првпат победи маж на СП во пикадо! (Видео)

Историскиот момент кој се случи вчера во „Александра палас“ во Лондон можеби ќе ве натера да почнете да гледате Светско првенство во пикадо и да се обложите на натпреварите од шампионатот. Фелон Шерок стана првата жена која победила маж на СП во организација на ПДЦ, а ова е 27-мо СП во овој спорт.

Оваа 25-годишна девојка која има и петгодишен син, сестра близначка, а во минатото имаше и тешка болест на бубрегот поради која имаше отечено лице од лековите и некои ја исмеваа, во првото коло на СП го совлада Тед Еветс со 3-2. Откако победи, во салата се случи вистинска еуфорија кај публиката која присуствуваше на овој историски момент.

„Заборавив на историјата, само се фокусирав на играта. Дури кога погодив двојна 18-ка во последното фрлање, сфатив што се случи“, изјави Шерок, која сега за ривал го има 11-тиот носител Менсур Суљовиќ, кој е Австриец со српско потекло.

- Оглас -

Најнови вести