Жената на Морозјук може оди во затвор затоа што химната ја пеела несоодветно облечена (Видео)

Србите си ја имаат Јелена Карлеуша, Аргентинците се „гордеат“ со Ванда Икарди, а во Украина главна женска фудбалска „фаца“ е Ирина Морозјук, сопругата на Николај Морозјук, играчот на турски Ризеспор и украински репрезентативец.

Ирина често ги полни страниците на весниците и интернет порталите со своето однесување и скандали, а овојпат еден нејзин потег може да ја однесе во затвор. Таа се снимаше по долна облека во боите на украинското знаме додека ја пееше химната, но изгледа не беше свесна дека тоа се казнува според законот во нејзината земја.

Подоцна, после серијата критики, видеото беше избришано на нејзиниот профил на Инстаграм, но може да се најде на друго место.

- Оглас -

Најнови вести