Кинеската тенисерка Женг Кинвен е победничка на олимпискиот тениски турнир кај дамите во Париз. Таа во финалето беше подобра од Хрватката Дона Векиќ и славеше со 2-0 во сетови.
Женг го доби првиот сет со 6-2 и најави дека има амбиции да се искачи највисоко на подиумот, а и во вториот беше подобра од Векиќ, добивајќи го со 6-3.
Женг поведе со 2-0 во гемови, но иако Векиќ израмни на 2-2, на крајот сепак и вториот сет и припадна на кинеската тенисерка која претходно ја шокираше и најдобрата во светот, Ига Швјонтек.