Жените ќе ја пречекаат Шведска во малата сала на „Јане Сандански“

Женскиот национален тим на Македонија на 17 ноември ќе биде домаќин на Шведска во квалификациите за Евробаскетот 2019 година, а тој натпревар ќе се игра во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Во овој циклус, нашите најдобри кошаркарки сите три домашни меча ги играа(т) во три различни сали. Во првото коло, Италијанките ги пречекаа во големата сала на „Јане Сандански“, а потоа наредното домаќинство беше во „Борис Трајковски“. МКФ одлучи како место на одигрување на последниот меч, против Шведска, да се игра во „Јане Сандански“, но во малата сала.

Според посетата на претходните мечеви, можеби и подобро е што ќе се игра во помал објект, бидејќи трибините ќе бидат исполнети и ќе има поубава атмосфера.

Македонија е без победа и нема шанса за пласман на ЕП, но овој меч на 17 ноември ќе биде прилика за селекторот Марјан Лазовски за првпат да ги има сите најдобри кошаркарки на располагање, и публиката ќе го види дебито на Дјуана Бонер. По завршувањето на сезоната во ВНБА лигата, Бонер неодамна замина во кинески Шандонг, и ќе биде во натпреварувачка форма кога ќе дојде да заигра за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести