Жените на фудбалерите на Ростов, со „сочна честитка“ за победата на Сочи од 10-1 (Фото)
Сопругите на заразените играчи од првиот тим, му покажаа среден прст на составот кој покажуваше сила врз јуниорите од Ростов.

Дел од сопругите на играчите на рускиот фудбалски клуб Ростов, најдоа интересен начин да го „поздрават” тимот на Сочи и да му ја честитаат победата од 10-1 против Ростов за кој играа јуниори родени во 2002 и 2003 година.
Првиот тим на Ростов мораше да седи дома во карантин бидејќи има шестмина заразени со коронавирусот, а федерацијата не сакаше да го одложи мечот, па на дуелот со Сочи, на терен истрчаа неискусни момчиња кои беа декласирани. Резултатот ќе беше и уште поубедлив да не беа 15-те одбрани од кои еден фатен пенал на голманот Денис Попов.
Сопругата на голманот Сергеј Песјаков, Ксенија, објави фотографија на која таа со жената на тренерот Карпин, Дарја, и сопругите на уште двајца фудбалери, позираат со покажување на средниот прст. Песјакова објави и цинична порака.
„Сочи, Ви честитаме на победата!“.