21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Женската кошарка ја доби новата ѕвезда

Јусте Јоците само со 14 години и 29 дена стана најмладата кошаркарка која дебитираше во женската Евролига. Суперталентираната Литванка првиот континентален настап го запиша во победата на нејзиниот тим Асвел против Динамо од Курск.

Јоците го навлече вниманието откако го облече дресот на литванската селекција по дебито во ноември годинава. Само со 13 години таа веќе беше подготвена да се наметне меѓу сениорките.

На овој начин Јоците го надмина рекордот на Дијана Кмезиќ, која во Евролигата дебитираше на 14 години, 10 месеци и 20 дена и досега беше единствена кошаркарка која згазнала на европски паркет пред да наполни 15 години.

- Оглас -

Најнови вести