Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби ривалите за ЕП во ноември и декември

Шведска, Унгарија и Турција ќе бидст противници на женската ракометна репрезентација на Македонија во првата групна фаза на Европското првенство кое во ноември и декември годинава ќе се игра во три земји.

Македонскиот тим ќе игра во „Фоникс арената“ во унгарскиот град Дебрецин, а својот прв меч ќе го има на 28 ноември против Шведска. Во истата оваа сала во Дебрецин, пред две години играше и машката ракометна репрезентација на ЕП.

Во второто коло на 30 ноември играме со Турција, а во третото коло на 2 декември со домаќинот Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести