Натпреварите Чаир – Металург и Ѓорче Петров – Овче Поле се дел од понудата на обложувалниците Sport Life, па доколку ги познавате приликите во женскиот ракомет во Македонија, можете да се обложите на овие два натпревари кои се играат вечерва.
На мечот во Чаир, кој почнува во 20 часот, гостинките од Автокоманда се фаворитки на хартија, иако станува збор за дерби според пласманот на табелата и резултатите на овие тимови. Металург е прв со максимален 21 бод од седум кола, додека Чаир има 18 бода. Чаирчани беа поразени од Куманово, тим кој исто така не знае за пораз.
Од друга страна, пресметката на Ѓорче Петров и Овче Поле е дуел на два тима од долниот дел на табелата. Двата тима имаат по една победа и шест порази. Одамна не победиле ниту едните, ниту другите, па ова им е прилика да го прекинат постот. Според квотите, во предност е домашниот тим.