Женската тениска репрезентација поразена од Египет

Македонската женска тениска репрезентација доживеа пораз од Египет во натпревар од групната фаза на Втората Евроафриканска зона, што се одржува во Ларнака, Кипар.

По одигрувањето на двата сингл меча, резултатот беше 2-0 во корист на Египет. Во првиот дуел, Магдалена Стоилковска загуби од Хана Хосам Салах со 2-1 во сетови (0-6, 6-3, 0-6). Иако успеа да се врати во вториот сет, не успеа да го одржи темпото во решавачкиот трет сет.

Во вториот меч, Лина Ѓорческа започна силно и го освои првиот сет против Ламиз Алхусеин Абдел Азиз, но при водство на Египќанката од 4-1 во вториот сет, Ѓорческа беше принудена да се повлече од натпреварот поради повреда, со што Египет ја обезбеди победата.

Во дубл натпреварот, македонската двојка Јана Божиновска и Ана Митевска ќе се соочи со египетските претставнички Мохамед Бадви и Ламиз Алхусеин, но мечот нема да влијае на крајниот исход.

- Оглас -

Најнови вести