20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Женски фудбалски клуб од Австралија со пет трансродови фудбалерки го освои првенството без пораз

Женската фудбалска екипа Флајинг бетс од Австралија без пораз успеа да дојде до титулата од првенството на државата Нов Јужен Велс. Ова и не би било некоја вест, ако не се знае дека во составот имаа дури пет трансродови фудбалерки, односно жени кои се родени како мажи, а потоа го промениле полот.

Во нивните документи пишува дека се жени, па Фудбалскиот сојуз на Австралија им дозволил настап во женска конкуренција. Ова секако наиде на остри реакции од јавноста, но и од останатите клубови кои се жалеле до Фудбалскиот сојуз, но од таму немаат решение за овој проблем, со оглед на тоа дека правилниците не предвидуваат што да се прави во ваков случај.

Од екипата на Флајинг бетс велат дека тие промовираат еднаквост и не гледаат ништо спорно во тоа што за нивната екипа настапуваат трансродови фудбалерки.

- Оглас -

Најнови вести