Женскиот фудбал и одличните квоти во Sport Life се добитната комбинација за денес (Фото)

6716 Летонија (Ж) – Македонија (Ж) (18:00)

Летонија ја победуваше Македонија на последните два меча во Скопје со идентични 1-2, а нашата селекција денес гостува во Рига, во последниот натпревар од женската Лига на нации на УЕФА. Македонија е последна без бодови во групата во која е и Косово, додека Летонија со победа ќе биде на чекор до првата позиција. Шансите на подмладената женска репрезентација на Македонија на ова гостување се минимални и се освен победа на домашниот состав би било големо изненадување.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.05)

 

6750 Германија (Ж) – Холандија (Ж) (20:30)

Германија и Холандија се во директен дуел за првата позиција во групата и пласман на завршниот турнир, а двете селекции во овој дуел влегуваат со победи во кои се тресеше и нивната мрежа. Германките на последниот меч ја победија Шкотска со 6-1, додека Холандија славеше над Австрија со 1-3 на гости. Меѓусебниот дуел на овие екипи заврши 2-2, па и вечерва може да се очекува слично сценарио и голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.95)

 

6283 Англија (Ж) – Португалија (Ж) (20:45)

Англија со победа над Португалија ќе се обиде да остане во трката со Шпанија за првото место во групата. Иако меѓусебниот дуел во Портимао заврши нерешено, 1-1, сепак Португалките во лоша форма го дочекуваат овој меч, со оглед на фактот дека загубија од Шпанија со 7-1 и 2-4 на последните два натпревари од Лигата на нации.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.08)

 

6752 Франција (Ж) – Швајцарија (Ж) (21:10)

Франција веќе и теоретски го има обезбедено првото место во својата група и пласманот на завршниот турнир, па мечот против Швајцарија ќе нема никакво резултатско значење за нив, но ќе има за гостинките кои се борат за опстанок во А дивизијата. Се освен ефикасен фудбал и голем број на голови ќе биде изненадување на мечот во Нанси.

Предлог тип: 1+I&3+ (1.79)

 

6749 Белгија (Ж) – Шпанија (Ж) (20:30)

Шпанија на последните два натпревари од Лигата на нации ја победуваше Португалија со 7-1 и 2-4, а и Белгија одигра двапати ефикасно против Англија, победи со 3-2 и загуби со 5-0. Во прилог на очекувањата за ефикасен фудбал оди и фактот дека Шпанија на последниот меч ја победи Белгија со 3-2.

Предлог тип: 4+ (1.70)

- Оглас -

Најнови вести