Женскиот фудбал е сè попривлечен за публиката, а потврда за тоа е и спектаклот во Лима, Перу, каде што 30 илјади френетични навивачи на финалето меѓу Алијанца и Карлос Манучи го урнаа рекордот на Јужна Америка.
Алијанца Лима победи со 3:0 и ја освои шампионската круна во Перу, а никогаш досега на женски меч во Јужна Америка немало 30 илјади навивачи.
https://twitter.com/MovistarDeporPe/status/1578172327413547009?s=20&t=frNill0TedYWV6XagbnAfg
Спектакуларната атмосфера дополнително ги мотивира домашните фудбалерки да го декласират ривалот и да ја освојат титулата со вкупен резултат од 4:1 во финалниот двомеч.