За првпат во својата петгодишна историја женскиот фудбалски тим на Реал Мадрид ја совлада Барселона. Кралските девојки како гостинки го добија лигашкото Ел Класико со 3-1 што за нив претставува историски триумф.
Јунак на мечот е Шкотланѓанката Каролин Вир која влезе во второто полувреме и даде два гола во финишот.
Пред само десет дена, Барса го елиминираше Реал од Купот на Шпанија со вкупни 8-1, и тоа покажува дека денешниот резултат е големо изненадување.
Во Каталонија се бесни на судиите. Во женската шпанска лига нема ВАР технологија, па на Барса во 81-ва минута ѝ беше поништен регуларен гол со кој ќе поведеа 2-1. За судиите, имало офсајд, иако повторената снимка покажа нешто друго. Домашниот тим не ја преболе оваа неправда, па потклекна во финишот и гостинките од Мадрид ја славеа големата победа поле која дојдоа на четири бода минус во однос на лидерот на табелата Барса.
Инаку денешното Ел Класико се одигра пред 35.812 гледачи што е супер посета на женски фудбалски натпревар.
Ова е голот на Вир за 2-1 после асистенција на Линда Каиседо:
🤜🤛 Entre @Linda__caicedo y @itscarolineweir remontaron en el 88’ para el Real Madrid
🖥️ No te pierdas los últimos minutos en @DAZN_ES #LigaF | #BarçaRealMadrid pic.twitter.com/XVAc2IrDi1
— Liga F (@LigaF_oficial) March 23, 2025