Женските тимови на Челзи и на Лион не се како машките, тие одат кон топ четири во Европа

6271 Ајакс ж. – Челзи ж. (18.45 часот)

Ова е прв четвртфинален меч во женската Лига на шампиони. Тимот од Лондон е фаворит и вечерва во Амстердам, и воопшто во двомечот за пласман во полуфиналето. Ајакс и Челзи првпат играат еден против друг во женска конкуренција. Тоа се тимови кои ретко губат, Челзи води битка со Сити за титулата во Англија, а Ајакс заостанува зад Твенте во женската лига на Холандија.

Предлог тип: 2 & 2-4 (2.10)

 

8473 Партизан – Басконија (20.30 часот)

Кошаркарите на Партизан во Белград играат меч кој мора да го добијат ако сакаат место во плејофот. Мотивите ќе им бидат големи, ја имаат и публиката зад себе, но ќе го немаат искусниот Зек Лидеј, кој уште е во САД поради смртта на татко му. Последната гостинска победа на баскискиот тим беше токму во Белград, во јануари, кога ја победија Црвена ѕвезда. Партизан во Белград само еднаш загубил од Басконија, пред 22 години. Ова се тимови кои во просек даават речиси еднаков број поени, Партизан 83,3, а Басконија 84,1 поени по меч, а и примаат речиси исто (84,2 Партизан и 83,6 Басконија).

Предлог тип: 1 & <170.50 (2.70)

 

1037 Брадфорд – Нотс каунти (20.45 часот)

Тука станува збор за дуел на два приближни според квалитетот тимови од англиската Лига 2, која е четврта по ранг. Брадфорд е 15-ти на табелата и има два порази по ред, додека Нотс каунти е 17-ти со два бода помалку од Брадфорд и со ремито во минатото коло прекинаа црна низа од пет порази едноподруго. Нотс каунти е втор најефикасен, а и тим со најмногу примени голови во лигата, на 37 меча имаат луда гол-разлика 72-72. Брадфорд има по 25-26 гола помалку и во својата и во противничките мрежи. Есеноска нивниот дуел заврши 4-2 за Нотс.

Предлог тип: 1+I & 3+ (1.76)

 

1580 Ардс – Портадаун (20.45 часот)

Ардс има серија од пет порази по ред, закован е (има 16 бодови помалку од тимот кој е едно место пред него на табелата) на 10-тата позиција во Чемпионшип на Северна Ирска, каде што има 12 тима. Последната победа им беше во ноември. Со 17 победи во 30 кола, Портадаун е четврти, а ако победи и вечерва, ќе избие на третото место. На последните пет меѓусебни дуели, секогаш двата тима давале гол. Во декември, кога Портадаун беше домаќин, средбата заврши 4-2.

Предлог тип: 2 & ГГ (3.20)

 

6706 Бенфика ж. – Лион ж. (21.00 часот)

Лион со години е еден од најсилните женски тимови во Европа и голем фаворит е во ова четвртфинале на Лигата на шампионите за дами. Бенфика уште од крајот на ноември не знае за пораз, но сензација би било ако останат непоразени вечерва. Овие два клуба две и пол години не играле еден против друг, а тогаш кон крајот на 2021, Бенфика не си помина добро, Лион победуваше со по 5-0.

Предлог тип: 2 Двојна (1.68)

- Оглас -

Најнови вести