Женската репрезентација на Австралија ја совлада Северна Ирска со 1:0 во мечот од првото коло од групата Б на Светското првенство кое се одржува токму во Австралија и во Нов Зеланд.
Единствениот гол го постигна Стеф Кејтли во 52-та минута од пенал.
Натпреварот на Олимпискиот стадион во Сиднеј го следеа 75,784 навивачи, што претставува рекордна посета на натпревар во женски фудбал во Австралија.
https://twitter.com/FIFAWWC/status/1681996452921479168?s=20
Победа на првиот меч на женскиот Мондијал оствари и вториот домаќин, Нов Зеланд кој на „Еден парк“ во Оукленд пред 42.137 гледачи со 1:0 славеше против Норвешка. Голот вреден три бода за Нов Зеланд го постигна Вилкинсон на стартот од второто полувреме.