Организаторите на Европското ракометно првенство во Унгарија и Словачка се соочуваат со голем број на проблеми, откако голем број на репрезентации имаат висока заразеност со Ковид-19.
На последното тестирање, дури 105 ракометари се позитивни на вирусот, а голманот на француската репрезентација, Винсен Жерар упати голем број на критики кон организаторите.
„Ретко имам вакви излегувања во јавноста, бидејќи ракометот ми е на прво место но морам да го искоментирам тоа што се случува во Унгарија.
Иако нашиот тим не е „нападнат“ од Ковид-19, ама само денеска имаме 105 заразени коментари што е навистина премногу. Повеќето сме фокусирани на лотарија, односно на тоа кој ќе биде позитивен а кој не додека ракометот е во втор план.
Чиста лудост е што во овие моменти се игра Европското првенство“ изјави Жерар.
Франција вечерва од 18:00 часот ќе го игра големото дерби против Исланд.