37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

На „Жерлан“ ги сонуваат сите европски круни – Лион има сезона како никој друг

Лион има со што да се гордее сезонава и е единственото фудбалско друштво во Европа што има три екипи кои се кандидати за европската круна.

Утре машкиот сениорски тим ќе го игра полуфиналето во Лигата на шампионите против Баерн, откако направи два подвизи во серија и ги елиминира фаворизираните Јувентус и Манчестер сити.

Лавовите од „Жерлан“ утре ќе имаат двојна програма на радост на армијата навивачи на францускиот клуб бидејќи со сениорскиот тим ќе настапат и младинците во Лигата на шампионите за играчи до 19 години.

Младите лавови ќе играат со Салцбург во Нион на неутрален терен во четвртфиналето од 15 часот, а среда ќе биде ден за паметење за фудбалското семејство на Лион.

Сениорите ќе играат во Лисабон на „Жозе Алваладе“ против Баерн од 21 часот во обидот за првпат во клупската историја да се пласираат во финале во Лигата на шампионите.

Ист противник ќе имаат и дамите, фудбалерките на Лион, кои исто така се во конкуренција за европската круна, а голем предизвик ќе имаат на „Сан Мамеш“ во Билбао против женската екипа на Баерн во четвртфиналето што ќе се игра на 22-ри август.

Навивачите на Лион ќе имаат денови за уживање, за фудбалски мерак и се надеваат на успеси на Лавовите, Лавиците и Лавчињата од „Жерлан“ во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести