Жешка есен со Типстер купот, трката за првото место во октомври е исклучително добра

Исклучително добра и неизвесна е трката во Типстер купот за шампион во октомври и награда од 100.000 денари во Sport Life и сè уште е неизвесно на три дена пред завршување на втората етапа кој ќе победи.

Моментно со 10 погодени тикети на врвот е дама, Даниелка К. и од лидерската позиција го чека расплетот на епизодата со број два во Типстер купот.

Веднаш зад неа е Даниел М., кој успеа да погоди 9 тикети и ако заврши на второто место, ќе добие награда од 30.000 денари од Sport Life.

Убав износ од 20.000 денари носи третото место, а моментно на оваа позиција е Драгиша П., кој прецизно одигра 8 тикети во октомври.

Кандидати има многу за прекрасните награди, а и доволно денови за да се направи пресврт, па се очекува трката да биде драматична во следните три дена.

Сè што ви е потребно е да имате СЛ картичка од Sport Life и да имате што повеќе добитни тикети, со напомена дека за еден ден се смета еден добитен тикет во трката за првите три места во десетте месечни етапи во Типстер купот.

Правилата се дека ако имате повеќе од еден добитен тикет во ист ден, во трката за премијата од 100.000 денари и за наградите од 30.000 и од 20.000 денари се смета тикетот со најголем погоден коефициент.

Може да се случи да има и тај-брејк, односно двајца или повеќе натпреварувачи да имаат еднаков број на погодени тикети, а тогаш одлучува збирниот коефициент на сите погодени тикети.

Типстер купот има вкупно 10 етапи и за три дена ќе биде познат шампионот во втората епизода во серијалот што почна во септември и ќе трае до јуни идната година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести