Жешка најава за англиското дерби – Навивачи на Манчестер јунајтед го окупираа „Олд Трафорд“ (Видео)

Навивачите на Манчестер јунајтед го окупираа „Олд Трафорд“ и протестираат против сопствениците на клубот, на само неколку часа пред почетокот на големото англиско дерби против Ливерпул.

Стотици симпатизери на најтрофејниот англиски клуб се на теренот и ги продолжија негодувањата против политиката на сопствениците од семејството Глејзер.

Протестот е само продолжение од епизодата со Суперлигата, проект што пропадна за два дена, а воопшто не им се допадна на навивачите на Манчестер јунајтед, кои протестираа на оригинален начин.

Дербито на 34. коло во Премиерлигата ќе се игра од 17.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести