Хабиб Нурмагомедов нервозно го шутна со нога појасот што неговиот иден противник Тони Фергусон го остави на подот, на првата прес-конференција пред големиот Ултимејт фајт спектакл закажан за 18. април.
Најават е жешка, а се очекува да има вистински спектакл во битката на двајцата големи шампиони во Бруклин за нешто повеќе од еден месец.
HOW LONG MUST WE WAIT? 📆
🏆 @TeamKhabib vs. 🕶️ @TonyFergusonXT…it’s going to happen at #UFC249! pic.twitter.com/HLRqhTtI6x
— UFC Europe (@UFCEurope) March 6, 2020
Фергусон не му остана должен на рускиот борец и му возврати со навреди. „Ти си кучка, не си борец“ викаше Американецот.
Нурмагомедов се уште е непоразен во октагонот и има 28 победи, а Фергусон во исто толку борби има 25 победи и три порази.
Ова е трет обид за меѓусебен меч на двајцата големи мајстори во ММА, откако по еднаш и Хабиб и Тони го откажуваа дуелот што долго се чека.