Екипите од НБА-лигата почнаа да се загреваат со пријателски пресметки во пресрет на продолжувањето на сезоната. За седум дена одново ќе гледаме атрактивна кошарка, а во меѓувреме контролните натпревари ни најавуваат жежок рестарт.
Далас ноќеска го совлада ЛА лејкерс со 108:104, меч во кој блескаше Бобан Марјановиќ од редовите на Маверикс заедно со Сет Кари. Српскиот џин заврши со дабл-дабл од 17 поени и 13 скока за речиси 24 минути на теренот, а покажа дека знае да погодува и од дистанца.
Центарот висок 224 сантиметри погоди елегантна тројка со која ја најави победата на Далас. Дончиќ завши со 14 поени, најефикасен беше Кари со 23 поени, додека на другата страна се истакнаа Кук и Меки со по 13 поени, а по 12 забележаа Џејмс и Дејвис.
https://twitter.com/dallasmavs/status/1286463191938150401
Вчера дополнително се одиграа уште три дуели: Њу Орлеанс – Бруклин 99:68 , Мајами – Сакраменто 104:98, Милвоки – Сан Антонио 113:92, а по средбата Далас – Лејкерс, Феникс дојде до триумф против Јута со конечни 101:88.