„Жешките“ од Мајами ќе се изгорат против Бостон

8384 Бостон селтикс – Мајами хит (НБА, 01:30 часот)

Ова можеби и е најинтересната средба од вечерашната НБА-понуда, која е исклучително богата.

Мајами е првопласиран во Источната конференција, додека Селтикс, коишто се домаќини на оваа средба, се под број три. Под знак прашање кај домаќините се Џејсон Татум и Џејлен Браун, но голема е веројатноста дека тие ќе бидат вечерва на паркетот.

Мајами, пак, е со целиот ростер во „ТФ Гарден арената“, каде што очекуваме победа на домаќинот, а одлична е и квотата за такво нешто.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

8389 Голден стејт ворирос – Феникс санс (НБА, 04:00 часот)

Чим се погледнат коефициентите за оваа средба, јасно е дека недостасува некое од големите имиња кај домаќините. Стеф Кари нема да може да им помогне на своите соиграчи во битката против тимот којшто прв обезбеди пласман во плејофот.

Феникс игра турбо кошарка и оваа сезона и има 61 победа и 14 порази, со што е убедливо на првото место на Западот.

Јасно е дека Крис Пол, Девин Букер и останатите играчи имаат желба да го направат тој исчекор од минатата сезона и да дојдат до титулата во НБА-лигата, а за средбата против Голден стејт очекуваме голем број поени и од двете страни.

Домаќините иако се без Кари, тука е одличниот Клеј Томпсон, кој исто така знае да одигра на голем број поени.

Предлог тип: >221.5 (1.97)

 

8378 Индијана пејсерс – Денвер нагетс (НБА, 01:00 часот)

Индијана е во очајна форма и на последните пет средби на домашен терен има само една победа, додека кај Денвер расположението е сосема различно.

Тимот на Никола Јокиќ има четири победи на последните пет гостински средби, а одличната серија бараат да ја продолжат и тука.

Домаќините полека ги губат сите шанси за да се приклучат кон плејин-турнирот, па полека можат да се фокусираат на летната лига, каде што се надеваат дека ќе добијат добри пикови. Денвер, пак, за оваа средба нема да форсира премногу и во меч со мал број поени ќе дојде до победата.

Предлог тип: 2&<233.5 (2.95) 

 

8381 Њујорк никс – Шарлот хорнетс (01:30 часот)

„Медисон Сквер гарден“ ќе биде преполн во можеби и одлучувачкиот меч за Никси да останат во игра за плејин-турнирот.

Тимот од Њујорк се наоѓа на 11-тото место на Истокот, додека Шарлот е под број девет. Скорот од 33 победи и дури 40 порази ќе треба нагло да се промени од страна на Никси, кои едноставно мора да ја добијат оваа средба, во спротивно може да се збогуваат со доигрувањето за оваа сезона.

Дерек Роуз и Кемба Вокер нема да играат и на оваа средба, додека кај Шарлот ќе отсуствува еден од најдобрите играчи, Гордон Хејворд.

Предлог тип: 1 (2.15)

 

8359 Едмонтон ојлерс – Лос Анџелес кингс (НХЛ, 03:30 часот)

Кога ќе се соочат овие две екипи од најсилната хокејска лига, тогаш головите доаѓаат во изобилие.

Само за споредба, кога Едмонтон бил домаќин, на последните пет средби гледаме во просек по 7,4 погодоци по меч, а дури на два дуели мрежите се тресеа повеќе од 10 пати.

На оваа средба доволно е да паднат најмалку шест погодоци, а да се случи такво нешто, квотата изнесува 1.50.

Предлог тип: >5.5 (1.50)

 

- Оглас -

Најнови вести