20.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Жешко е на хрватското рели, гореше автомобил, возачот е хит на социјалните мрежи (Видео)

Жешко беше на хрватското рели, а шведскиот возач, Оливер Солберг избегна голема трагедија, откако загуби контрола и удри во дрво крај патеката и потоа автомобилот му се запали.

Солберг за среќа се извлече навреме од запалениот автомобил и стана хит на социјалните мрежи со објава дека чека да му го поправат автомобилот во пламен и дека повторно ќе се трка.

По 8 брзински испити Солберг беше на петтото место, а денеска продолжува релито на кое водечки е Финецот Рованпере.

 

 

- Оглас -

Најнови вести