Леброн Џејмс и Ентони Дејвис играат моќно во финалето на НБА и повторно како ударен тандем со вкупно 65 поени ги предводеа Лос Анџелес лејкерс до победа од 124:114 против Мајами хит.
Тимот од Ел-Еј веќе води со 2:0, а ноќеска максимано го користеше отсуството на повредените Бем Адебајо и Горан Драгиќ за доминација и на вториот натпревар што го добија со двоцифрена разлика.
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс постигна 33 поени со по 9 скока и асиситенции, а втората Ол-стар ѕвезда на Лејкерс, Ентони Дејвис имаше ефект од 32 поени и 14 скока.
LeBron seals and finds AD for the @Lakers SLAM in #PhantomCam! #NBAFinals on ABC pic.twitter.com/hi15QxGEj4
— NBA (@NBA) October 3, 2020
Фаворитот доминираше под кошевите со 7 скока повеќе од ривалот, но и со 56 поени во рекетот, што заедно со добриот удар за три поени и доминантното дуо Џејмс-Дејвис им ја донесе и втората победа за голема предност од 2:0 во финалната серија за титулата во НБА.
Ражон Рондо имаше дабл-дабл учинок од 16 поени и 10 асистенции и интересна изјава по мечот.
„Дејвис е еден од најинтелегентните кошаркари со кои сум играл. Ја има кошарката во малиот прст и може да игра на сите позиции. Често му велам дека може да даде и 75 поени ако сака и против кого сака во НБА“, изјави бекот ветеран на Лејкерс.
Џими Батлер се обиде да го повлече тимот на Мајами кон подвиг, но се што сторија Хит во завршницата кога се одлучуваше победникот е да намалат на 10 поени негатива на половина од последната четвртина.
Батлер постигна 25 поени и имаше за него рекордни 13 асистенци во плејоф меч, но и играше цели 45 минути, во остуство на Адебајо и на Драгиќ.
Олиник, кој играше како замена за Адебајо уфрли 24 поени со 9 скока, но поквалитетниот тим повторно победи и е на два успеси до 17 титула, колку што има рекордерот Бостон селтикс.