Легендата на Интер и на Италијанската фудбалска репрезентација, Марко Матераци, во едно интервју жестоко го нападна Ромелу Лукаку поради „глупостите“ кои ги правеше летово откако стигна до финалето на Лигата на шампионите со Интер, па преговараше и се договори со лутиот ривал Јувентус, за на крајот да заврши во дресот на Рома.
„Срамота е како се однесуваше Лукаку. Кога дојде во Интер, сите го почитуваа, од соиграчи до навивачи. Не знам кои биле мотивите тој да му направи толку страшни работи на клубот, но секој во животот е одговорен за своите постапки, па така и Лукаку. Нека дава сега голови во Рома, но се надевам дека нема да даде гол против Интер. Не е свесен за атмосферата што го чека на „Меаца“ кога ќе пристигне. Чиј потег беше правилен, ќе видиме на крајот. Тој го знае сето тоа, се прави луд. Веќе еднаш го изневери клубот, сега пак мисли дека е мангуп. Но, пак велам, секој си има свој пат во животот, си избира најдобро за себе, времето ќе покаже што всушност направил Лукаку“, вели Матераци.
Дуелот помеѓу Интер и Рома ќе се одигра на 29 октомври во Милано.