Жесток напад врз Клоп во Германија по потписот за Ред Бул: Лажен е како неговите заби!

Објавата дека од 1 јануари Јирген Клоп ќе работи за компанијата за енергетски пијалоци Ред Бул, како глобален директор за фудбал, беше примена со шок и неверување во неговата Германија.

Клоп ќе ја предводи стратешката визија на фудбалските клубови Ред Бул ширум светот. Под Ред Бул се пет клуба и тоа: Лајпциг во Германија, Салцбург во Австрија, Њујорк во МЛС лигата, Брагантино во Бразил и Лиферинг во втората лига на Австрија.

Во родната земја на поранешниот тренер на Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул, каде Ред Бил не е популарен и РБ Лајпциг го нарекуваат вештачки клуб со успеси благодарение само на парите, сега на мета стана и Клоп кого го обвинуваат дека го изневерил традиционалниот фудбал кој отсекогаш го бранел додека бил тренер на клубовите кои ги тренирал.

Најгневен е новинарот Гинтер Клајн кој работи во весникот „Минхенер Меркур“ и го објави следново: „Клоп е лажен како неговите заби“.

„Неговиот потпис со Ред Бул предизвикува да се урне фасадата на беспрекорен човек и да торпедира се што, според навивачите, тој претставува. Клоп склучува пакт со ѓаволот “, вели медиумот „ t-online.de “, кој не се сомнева дека Клоп си го копа сопствениот фудбалски гроб.

„Тој го урна сопствениот споменик за неколку секунди. Неговиот имиџ како харизматичен амблем на германскиот фудбал е сериозно нарушен. Овој човек, кому фудбалските фанови на нацијата масовно му се восхитуваа, ги остава сите во неверување. Овој човек, кој можеби не го сака фудбалот како што отсекогаш тврдел.“

Договорот на Клоп со Ред Бул е на повеќе години, но наводно има клаузула со која тој може да си замине ако добие добра понуда за да стане германски селектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести