Жестока кавга во соблекувалната на Милан: Рафаел Леао го нападнал Пулишиќ

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, мораше да интервенира за да ја смири ситуацијата и да спречи ескалација на тензиите меѓу двајцата напаѓачи, Рафаел Леао и Кристијан Пулишиќ, по поразот од Лацио (0-1).

„Ако барате двајца пријатели кои поминале мирна недела вечер, не гледајте во нивна насока“, пишува „Газета дело спорт“.

За време на натпреварот меѓу Лацио и Милан, Леао со широки гестови се жалеше на одлуките на Пулишиќ бидејќи Американецот не му додаде топка во две потенцијално опасни акции. Она што не се виде во телевизискиот пренос е продолжението на конфликтот во соблекувалната, каде што Португалецот повторно му се обратил на соиграчот барајќи објаснување многу пожестоко отколку вообичаено. Иако не се работи за сензационален инцидент, настанот е доказ дека нешто во нападот на Милан не функционира, се вели во текстот на влијателниот италијански весник.

Алегри, кој во неделата навечер ја презеде улогата на дипломат во соблекуавалната, сега мора да ја менаџира оваа ситуација во наредните два месеца. Американецот обично е многу смирен и никогаш не е агресивен, додека Леао е поотворен и секогаш подготвен да помогне на младите играчи и новопристигнатите. Проблемот се појавува на теренот.

Пулишиќ и Леао ретко заедно ги започнувале натпреварите во првенството, во првото дерби со Интер, дома против Џенова и Лече, како и на последните четири натпревари против Парма, Кремонезе, Интер и Лацио. Во тие средби овој напаѓачки тандем постигнал само два гола: Пулишиќ против Интер и Леао против Џенова.

- Оглас -

Најнови вести