Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, заработи суспензија од пет натпревари поради навредите упатени кон судијата на мечот против Хетафе. Јорганџиите на овој меч беа големи фаворити и имаа водство сè до самиот финиш, но Кореа во 88-мата минута беше исклучен поради фаул.
Очигледно фудбалерот не се согласуваше со одлуката на судијата, па кога поминуваше крај него, упати навреди, а тоа сега го чини неиграње дури на пет меча. Ова е сигурно голем удар за шампионските амбиции на Атлетико Мадрид, кој освен без бодовите од дуелот против Хетафе, сега остана и без еден од своите најдобри фудбалери.