Голем скандал го тресе аргентинскиот фудбал. Екипата на Естудијантес Ла Плата го „поздрави“ првакот Росарио на неспортски начин, со почесна стража направена од фудбалери кои се свртени со грб, што е протолкувано како големо непочитување.
Тоа беше направено од револт поради начинот на којшто тимот во кој игра Анхел ди Марија беше прогласен за шампион, кога Аргентинската федерација направи исклучок и му ја додели титулата на Росарио вон досегашните правила.

АФА изрече големи парични казни за Естудијантес, а нивниот претседател, легендата Хуан Себастијан Верон, доби суспензија од шест месеци. Играчите кои стоеја свртени со грб добија забрана за настап на наредните два меча, додека капитенот Нуњес не смее никаде да биде капитен во следните три месеци.

