0.8 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Жестока одмазда, ПИК Сегед го декласира Еурофарм Пелистер

ПИК Сегед го разби Еурофарм Пелистер со 35-20 во дуел од ракометната Лига на шампиони и се реваншира за минималниот пораз во Битола од пред осум дена. За македонскиот првак ова е најтежок пораз сезонава.

Ветеранот Миклер бранеше како во своите најдобри денови, имаше дури 19 интервенции и беше најдобар поединец, додека нападот го предводеа Фримел и Кукиќ со по 7 гола. Кај битолчани, најефикасни со по три гола беа Манасков, Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ.

- Оглас -

Најнови вести