Жестока расправија на англиски легенди поради пеналот за Аргентина: Ќе научиш многу повеќе ако слушаш наместо постојано да зборуваш

Две фудбалски легенди коишто работат како стручни аналитичари на Светското првенство во Катар, Рој Кин и Грем Сунес, не можеа да најдат заеднички јазик по досудениот пенал за Аргентина и влегоа во кавга пред камерите на Ај-ти-ви телевизијата.

Сунес и Кин имаа различно мислење за прекршокот на Мохамед Кано над Леандро Паредес, по кој судијата Славко Винчиќ покажа на белата точка за Аргентина.

„Не мислам дека тоа е пенал“, рече Кин, со чија констатација не се согласи Сунес.
„Тој е дефанзивец и не гледаше во топката. Воопшто не ја гледаше топката и само гледа каде е аргентинскиот играч. Мислам дека тоа е пенал“, одговори Сунес.

„Не, не, не! Ова само ќе ги охрабри играчите да симулираат. Паредес го влече одбранбениот играч“, одговори Кин.

„Рој, не слушаш што зборува Лаура (водителката на Ај-ти-ви). Судиите имаат директива како да судат, а оваа ситуација не е мислење, туку факт. Дефанзивецот не ни ја погледна топката“, возврати Сунес.

„Слушнав што рече. Ова само ќе ги охрабри играчите да симулираат. Тука сум да го дадам своето мислење и ова не е пенал!”.

На оваа констатација на Кин, Сунес буквално збесна:
„Тоа го кажа веќе 10 пати, дај му можност на некој друг да зборува. Ќе научиш многу повеќе ако слушаш наместо постојано да зборуваш“.

- Оглас -

Најнови вести