Само неколку дена по објавувањето на спорниот гол од Црна Гора, за кој многумина мислат дека е сомнителен и дека станува збор за наместен меч, нова ситуација за потсмев го закачи црногорскиот клупски фудбал, кој е на ниски гранки (послаб рејтинг во Европа имаат само лигите во Андора и Сан Марино).
Клубот Арсенал од Тиват објави соопштение во кое реагира на „лажната вест“ во медиумите и на сајтот на Црногорскиот фудбалски сојуз дека на средбата со Јединство имало само 250 гледачи.
„За да не доаѓа до вакви грешки, ве молиме да го прашате клубот за бројката бидејќи имаме лице кое е задолжено да ја следи ситуацијата околу бројот на гледачи или да преземете од нашиот извештај на социјалните мрежи“, објавија од Арсенал, кои тврдат дека имало „дури“ 431 гледач, а не само 250.