После поразот од Евертон во меч на кој имаше три спорни ситуации со можни пенали за Нотингам форест кои не беа досудени, Шумарите се јавија со соопштение кое е вообичаено за балкански, не и за англиски клубови.
„Три екстремно лоши одлуки, три пенали не ни беа доделени, тоа е нешто што едноставно не можеме да го прифатиме. Ја предупредивме судиската организациjа дека судијата во ВАР собата на денешниот меч е навивач на Лутон, но тие не го сменија. Нашето трпение беше тестирано повеќе пати. Клубот ќе ги разгледа своите опции“, порачаа од Нотингам.
Инаку, Форест се бори за опстанок со Лутон, па затоа сметаат дека не требало прокламиран фан на нивниот директен ривал да биде во ВАР собата.