Жестока руска битка на мраз – Свечников падна како свеќа по крошето на Овечкин (Видео)

Шампионот Вашингтон доживеа дебакл во арената „PNC“ и загуби од Каролина со 0:5, а третиот меч од плејоф-серијата меѓу двата тима во првото коло ја одбележа жестоката тепачка меѓу сонародниците од Русија.

Алекс Овечкин и Андреј Свечников влетаа во клинч, а со страотно кроше повозрасниот Овечкин го нокаутираше 19-годишниот хокеар на Каролина. Свечников падна како свеќа на мразот и едвај стана со помош од соиграчите.

https://www.youtube.com/watch?v=rcamX6oRvmg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3-dBGY_uSkRCqMAsZ26y8zpS3jMDfEPUH2i9bnKjd0MVTLccnJvb9kZGs

Кусиот бокс-меч се случи во деветтата минута од првиот период, а потоа Свечников не се врати во игра. И двајцата хокеари добија по две минути исклучување.

Овечкин потоа продолжи да игра, но без ефект за Вашингтон, екипа која го претрпе првиот пораз во серијата со Каролина, но сè уште има предност. Четвртиот меч ќе се игра за три дена, Каролина повторно е домаќин и ќе се обиде да израмни на 2:2.

- Оглас -

Најнови вести