На натпревар од женската НЦАА лига се случи масовна тепачка меѓу екипите на Јужна Алабама и Коастал Каролина, при што беа исклучени дури осум кошаркарки. Во инцидентот беше соборена и една од судијките, која доби медицинска помош на теренот.
Случајот се случи на турнирот Сан Белт, неполни шест минути пред крајот на четвртата четвртина. Инцидентот започна со судир под кошот помеѓу Кордасија Харис и Трејси Хјустон. На снимките се гледа дека Харис ја бутна Хјустон од зад грб, по што Хјустон возврати со туркање и удари.
Nobody’s safe when Coastal Carolina and South Alabama get together in the 2nd round of the women’s Sun Belt tournament
— Barstool Sports (@barstoolsports) March 4, 2026
pic.twitter.com/FeO9DLwzfX
Во хаосот, колешките и персоналот од клупата се обидоа да ги разделат кошаркарките. Една од судијките беше соборена на паркетот, најверојатно ненамерно од Хјустон при обидот да ја оддели од Харис. Судијката остана на грб додека ситуацијата не се смири, а на теренот интервенираа персоналот и медицинската служба.
Поради учеството во тепачката, Хјустон и Харис добија технички и беа исклучени од натпреварот, исто како и уште шест други кошаркарки кои учествуваа во инцидентот. Натпреварот продолжи по прекинот, а на крајот победник беше Јужна Алабама со резултат 80:70.

