Тројца навивачи на Реал Сосиедад биле прободени во централниот дел на Рим за време на судири со поддржувачи на Лацио во пресрет на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу двата тима, соопшти римската полиција.
„Околу 70-тина шпански навивачи биле нападнати од околу 80-тина поддржувачи на Лацио на улицата Виа Леонина, близу Колосеумот, околу 23 часот во средата“, изјави портпарол на римската полиција.
🚨 ‘ULTRAS’ OF REAL SOCIEDAD AND LAZIO UNLEASH A MASSIVE FIGHT IN ROME.
— João Neves (@jon_snow_pt) January 23, 2025
The hooligans from both teams were involved in a regrettable altercation, with flares and chair throwing escalating the chaos.
A dark moment for football fans! #RealSociedad #Lazio #Ultras #FootballFans pic.twitter.com/Rme8Ko4WEz
Напаѓачите користеле тапи предмети и ножеви, а полицијата објави фотографија од оружјата кои наводно биле користени во нападот, меѓу кои имало чекан, прачки, палки, клучеви и синџир.
Напаѓачите избегале кога пристигнала полицијата, изјави портпаролот.