Жестока тепачка на навивачите на Рома и Наполи и тоа на местото каде што загинал навивач на Лацио (Видео)

Навивачите на Рома и Наполи се степаа на автопатот помеѓу Монте Сан Савино и Арецо.

Пресметката се случила во зоната „Бадија али Пино“ каде на 11. ноември 2007 година смртно бил ранет навивачот на Лацио, Габриеле Сандри и тоа од куршум што го истрелал полицаец кој се обидел да спречи тепачка меѓу навивачите на Лацијалите и на Јувентус.

Според италијанските медиуми, по притигнувањето на полицијата која употребила солзавец за да ги растера фановите, тие меѓусебно се гаѓале со камења и со бакли.

Тие исто така објавија дека двајца навивачи на Рома се пренесени во болница, а еден од нив се наоѓа во тешка здравствена состојва.

Навивачите на Рома патувале за Милано за да го проследат дербито против Милан, додека фановите наНаполи патувале кон Џенова на мечот со Сампдорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести