Покрај возбудувањата на теренот, на НБА терените се случија и некои немили сцени. Мајами хит ја продолжи победничката низа откако со 136:120 славеше над Мемфис. Победникот беше решен кога на две минути до крајот се случи тепачка, а во главните улоги беа Скоти Пипен јуниор и Мајрон Гарднер.
Скоти Пипен јуниор даде тројка, а Гарднер од позади го турна на подот и воопшто не му даде рака да се извини. Тогаш се налути кошаркарот на Мемфис, кој тргна директно кон Гарднер и започна тепачка.
За среќа, брзо реагираа останатите кошаркари и беше спречен поголем инцидент.
View this post on Instagram
Немила сцена имаше и во Феникс каде домаќинот по голема борба и по дополнителни пет минути во продолжението, го победија Орландо со 113:110. Феникс победи, но го загуби еден од своите најдобри играчи, Дилон Брукс кој заработи скршеница на раката. Брукс се повреди уште во првата четвртина и воопшто потоа не се врати на теренот.


