12.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Жестоки критики кон Стојковиќ-Пикси: Заработуваше колку 70 хирурзи, а не поднесуваше критика

По поразот на Србија на домашен терен од Албанија со 0:1, нашиот северен сосед речиси ги загуби шансите за пласман на Светското првенство 2026. По тој пораз, селекторот Драган Стојковиќ-Пикси си поднесе оставка.

Еден од најголемите критичари на работата на Пикси во изминативе неколку години беше аналитичарот Раде Богдановиќ. По поразот од Албанија, Богдановиќ не пропушти повторно да го „поздрави“ Стојковиќ-Пикси.

„До оваа ситуација дојдовме благодарение на долгогодишното неработење. Ова не е изненадување за луѓето кои ја следат репрезентацијата. Веќе подолго време играме лошо, уште од Светското првенство, па сè до денеска. Зошто селекторот не направи систем на игра?“, се прашува Богдановиќ, а потоа продолжи со критиките.

„Неговата плата во Сојузот беше еднаква на платата на 70 хирурзи во Клиничкиот центар, а тие се синоним за квалитет. Затоа мора да биде подложен на критики. Низ репрезентацијата поминаа голем број играчи, дури заборавив кој се играше. Мечот против Албанија беше само резултат на големото неработење“, додаде Богдановиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести