Навивачите на поранешниот европски шампион, Олимпик Марсеј, синоќа побараа и добија состанок со раководството на клубот. Причина за ваквиот потег е незадоволството од резултатите и игрите на фудбалерите на клубот на стартот од француското првенство.
Марсеј на стартот има две победи и три нерешени дуела и се наоѓа на четвртата позиција со бод повеќе од ПСЖ, но и два помалку од лидерот Монако. Тие од претседателот на клубот, Пабло Лонгорија, побарале оставки од комплетното раководство, а на состанокот и водечките луѓе на клубот истакнале дека не се задоволни од постигнатото на стартот.
Навивачите на Марсеј на раководството му се обратиле со зборовите „се срамиме“ и „воопшто не нѐ почитувате“, а состанокот завршил на тој начин што навивачите станале и го напуштиле состанокот откако го изнеле својот став дека бараат оставки.